А да се викаме Северна Грција


Добро познат а богами и добро почувствуван е методот на КОНТРА.
Од Контра Протести како водилка до Контра пленуми, Контра експерти, Контра новинари, Контра златни бубамари (имаше еден конгрес на вмро Шанац шо го водеше),
Контра револуции и Контра кочница на бицикл (каков абеес какве пичке матерне).

Ова чудо стварно делува, зошто да не го искористиме како метод за решавање на деценискиот проблем со нашиот јужен сосед и да ни се отворат портите на светот.
Имено идејата е да им идеме у ПОЗИТИВНА КОНТРА, они викаат МАКЕДОНИЈА е ГРЧКА, ние викаме ДА ние сме  СЕВЕРНИ ГРЦИ! (штама…кој кур им е, на грчки лебди во воздухот).
Они пак, за да се осигураат МАКЕДОНИЈА е предел на Грција тие горе се дојденци, ние ДА дојдени заедно со вас браќа ГРЦИ од таму доле. (тотална збунка)

И така идеме у Солун секој викенд, освен шопинг, кафе ќе има и што да бараме, освен такс фри, бараме пасоши, бараме да се укинат мерките за штедење со протести со све.
Со масовно гушкање на Плоштадот Аристотели, гушкање на Електра палас тоа е оној хотелот кафе кај што пиете на таван, ајде ајде имаш слика и ти знаеш за што ти зборам.

Грциве у хаос, тотално неочекувано, викаат абе ова ненормална работа, овие луди беа уште одмна со тие атентаторите ама ова по заебано.
Мозгаат у стилот на аристотел пошто мислат дека имаат мозок, и еден од нивните дебели вика слушајте:

Дај бе да ги баталиме овие нека се викаат како сакаат само да ни се макнат, зошто ќе не побудалат уште толку а и така сме 70% со испод нормално АЈ КЈУ. Дај да им дадеме таму име миме Македонија све шо сакаат, само Грци да не се викаат и да не досаѓаат по шалтери.
А да забораив, пошто имаме искуство со шалтери ќе имаме специјална единица ШАЛТЕРИЕРС шо цело време ќе им седи по шалтери и ќе бара: социјално, рибарска пензија, такс фри со сметки од Бугарија, регистрација на кола увезена на Маџарски таблици и тако даље.

И така си остануваме Република Македонија као што не има признаено пола свет, Грците исто викаат раат пичку матер нема луѓе по шалтери не треба да се работи ништо као цел живот шо си тераме и тоа е тоа.

 

*Иначе као Бонус да ве потсетам на Бугарите шо им напраивме у задњиве години со сличнава тактика, отидовме као ненормални, 500.000 бугарски пасоши се извадија, се пишаа наши луѓе Бугари и терај, акај по светот работи за ич пари.
Бугарот виде не виде, вика дај кај треба да се потпишеме зошто кај и да е ќе дојдат свашта да бараат.

Решено.

 

 

Тапа Џонсон

 


Like it? Share with your friends!

847

Comments 0

Повеќе од: МУАБЕТ